Кошаркарите на Оклахома Сити поведоа против Индијана со 3:2 во финалето на НБА лигата и дојдоа на чекор од првата титула во клупската историја откако се преселија во Оклахома.
Петтиот меч заврши со победа на Оклахома од 120:109, а заслужни за тоа беа Џејлен Вилијамс со 40 (личен плејоф рекорд) и Шај Гилџес-Александер со 31 поен и 10 асистенции. Уште од Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кога играа заедно за Кливленд, не беше видено во големо финале двајца соиграчи да имаат еден 40, друг 30+ поени.
Оклахома имаше одличен процент на реализација со погодени 14 тројки.
Кај Индијана лош настап имаше Тајрис Халибартон кој заврши со само 4 поени и не погоди ниту еден шут од поле, сите поени ги реализираше од слободни фрлања. Тој се повреди за време на мечот, но се врати, сакаше да продолжи, сепак се виде дека нема да може, па го имаше најлошиот плеј оф меч во кариерата.
Следниот натпревар се игра на терениот на Индијана, победа за домашната екипа ќе значи мајсторка кај Оклахома, во спротивно, екипата на Оклахома Сити ќе ја слави титулата.

