Откако вчера беше потврдено дека капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирус, сите останати ракометари и стручниот штаб направија тестови.
Доцна синоќа стигнаа и резултатите кои се покажаа како негативни, па од денес ќе се продолжи со редовни тренинзи пред реванш четвртфиналниот двобој од СЕХА против Нексе Нашице.
В петок ќе бидат направени нови тестови на коронавирус, што е дел од протоколот пред да се одигра натпреварот од СЕХА лига.
Натпреварот меѓу Вардар и Нексе ќе се игра в сабота од 20:15 часот во СЦ „Јане Сандански“, без присуство на публика, а нашиот и актуелен СЕХА шампион има предност од еден гол по првиот меч откако славеше со 31:30 на гостувањето во Нашице.