Ракометарите на Вардар утре во Скопје го имаат и вториот настап во СЕХА лигата, овој пат против српски Железничар. Нишкиот тим почна со пораз во српското дерби против Војводина, додека Вардар го доби македонското дерби со Металург.
Тренерот на „црвено-црните“, Парондо, пред мечот вели дека очекува подобро издание од она на првиот меч во новата сезона.
„Против Железничар ќе се обидеме да бидеме подобри отколку со Металург. Сакаме да се докажуваме и да напредуваме. Овие мечеви треба да ги искористиме за добар старт на Лигата на шампионите“, изјави Парондо.
Мечот меѓу Вардар и Железничар се игра утре во СЦ„ Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.