Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Парондо, по вчерашната победа против Веспрем во финалето во Лигата на шампионите, нагласи дека сите во тимот заслужуваат честитки.
„ Секоја чест на моите момчиња. Тие покажаа дека дури и во најтешките моменти знаат да се борат за боите на нивниот клуб. Тие се вистински борци и шампиони” – вели тренерот од Шпанија кој е вториот во историјата на ракометот што освоил титула како играч и како тренер.
Пред него тоа го направи актуелниот тренер на полскиот Киелце, Талант Душебаjев.

