Ракометарите на Вардар ја покажаа целата своја моќ на последниот меч од Лигата на шампионите на домашен терен и го совладаа ПИК Сегед со 31:23, со што се доближија на чекор до Ф4-турнирот во Келн.
По натпреварот, тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо уште еднаш истакна дека е горд на настапот на своите играчи и покрај големиот број на проблеми кои ги имале пред оваа средба.
„Многу пати во текот на оваа сезона кажав дека сум горд на играчите. Сега би сакал да го повторам истото уште еднаш. Имавме многу проблеми, имавме многу несакани работи, проблеми со повреди, финаниски проблеми, но ги надминавме и одигравме на врвно ниво, онака како што треба да се одигра еден последен меч пред оваа публика во Скопје, уште еднаш да се заблагодарам на играчите и публиката, овие играчи заслужуваат уште еднаш да играат на Ф4 во Келн“, изјави Парондо.