Тренерот на ракометарите на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, по реваншот со Загреб, истакна, дека неговиот тим ја исполнил целта и заслужено влегол во наредната фаза во Лигата на шампионите.
„Имавме добро прво полувреме, игравме со висок интензитет, но, потоа паднавме во ритамот. Тоа е нормално со оглед на резултатот од првиот меч и предноста од првиот дел. На денешната средба со Загреб минутажа добија и други ракометари кои ги тестиравме. Сите знаат дека понатаму не очекува СЕХА полуфинале“, изјави Парондо. Русинот, пак,Сергеј Горбок, кој имаше повреда на лигаментите се врати на теренот по шест месеци.
„Полно ми е срцето, дадов се од себе за Вардар и за оваа публика. Се надевам дека ќе имам уште многу партии на високо ниво и понатаму“, изјави Горбок.