Вардар забележа убедлива победа на гостувањето кај ППД Загреб со 9 голови разлика, а ваков епилог од натпреварот не очекуваше и тренерот на „црвено-црните“ Парондо кој по натпреварот беше пресреќен што неговата екипа се враќа од Загреб со убедлива предност.
„Нема што да кажам повеќе од тоа дека им благодарам на играчите и дека сум многу горд на нив. Завршивме одлична работа на овој натпревар. Добро се подготвувавме за него, работевме максимално на тренинзите и сето она што беше направено на теренот беше перфектно и совршено. Едноставно се што се договоривме и реализиравме на самиот терен“, изјави Роберто Парондо.
Вардар сега може да се подготвува за реваншот во Скопје на 30.март, но и да размислува за средбата со Мешков Брест во ½ финалето на СЕХА лигата на 2.април во Брест.