Ракометарите на Вардар утре ги очекува нов меч со екипата на Војводина во СЕХА конкуренцијата. Македонскиот првак има одлична низа во ЛШ, но исто така и од почетокот на сезоната во регионалното натпреварување.
Пред утрешниот дуел со српскиот тим, тренерот Парондо вели дека треба да се остане фокусиран без разлика на улогата на фаворит која ја имаат нашите шампиони.
„Војводина има добар тим. Играат агресивно и сакаат да покажат колку добро можат да играат. За нас е најважно да одиме на победа. Мора победата против Веспрем да ја оставиме зад нас и да влеземе концентрирано и мотивирано од самиот старт“, вели Парондо.
Дуелот во Скопје утре се игра од 17.15 часот.