Чендлер Парсонс го опиша расположението во НБА откако се случи шокантниот трејд на Лука Дончиќ од Далас во Лос Анџелес Лејкерс.
„Таа ситуација ги натера сите да бидат претпазливи. Сè може да се случи. Да бев шеф во претставништво, ќе се јавев во Нагетс и на шега ќе прашав колку вреди Никола Јокиќ. Затоа што се чини дека сè е достапно“ – вели Парсон.
„Според мое мислење, тоа нема логика. Мислам дека сега сите се обидуваат да играат на големо“ – рече поранешниот кошаркар.

