Рускиот кошаркарски стратег Евгениј Пашутин стана нов тренер на италијански Канту. Веста ја потврдија од клубот, а условите од договорот не се обелоденети.
Пашутин ја заврши сезоната во Автодор, кого го предводеше до петтото место во ВТБ лигата, по што ја прекина соработката со клубот.
Инаку, Канту е тим во сопственост на рускиот бизнисмен Дмитриј Герасименко, кој претходно водеше и еден руски тим. Затоа и не изненадува фактот што Пашутин се сели на кормилото на италијанскиот состав, кој во регуларниот дел од сезоната во Лега А завршија на 7. место.