Тренерот на ПИК Сегед, Хуан Карлос Пастор во никој случај не можеше да биде задоволен од настапот на неговата екипа на дуелот против Вардар во Скопје.
„Црвено-црните“ имаа фуриозен финиш во кој буквално ги декласираа противникот од Унгарија и со осум гола предност ќе се патува кај Сегед. Тренерот на Пик Сегед е свесен дека ќе биде многу тешко да се достигне оваа предност во Сегедин.
„Морам да им честитам на Вардар за победата, Вардар денес беше подобар од нас, нивната победа е чиста. Беа подобри од нас, а ние имавме многу проблеми, посебно во одбраната. Во еден дел од натпреварот успеавме да се вратиме од негатива и да дојдеме до егал во второто полувреме, Последните седум минути беа премногу лоши за нас, Вардар има голема разлика пред реваншот. Но, во спортот се е можно. Ќе работиме во наредните денови и ќе се обидеме да се вратиме, спортски е да се надеваме дека можеме да победиме“, изјави Пастор.