Ракометната репрезентација на Данска ја победи Шведска со 26:24 во големото финале на Светското првенство во Египет и првпат во историјата успеа да ја одбрани титулата.
Во првиот дел во крајно изедначена игра ниту една од селекциите не успеа да направи предност додека во вториот дел голманот на Данците, Ландин, ја „спушти ролетната“ а неговите соиграчи тоа го искорситија и успеаа да направат солидна предност и на крајот да се израдуваат на титулата.
Во победничкиот табор Хансен со 6 и Нилсен со 5 голови беа најефикасни кај „викинзите“ Ване се издвои со 5 погодоци. Микел Хансен втор Мундијал по ред е прогласен за МВП на турнирот. Еве го идеалниот тим на Мундијалот во Египет.
Најдобар голман: Андрес Паличка (Шведска)
Најдобро лево крило: Хампус Ване (Шведска)
Најдобар лев бек: Микел Хансен (Данска)
Најдобар централен бек: Џим Готфридсон (Шведска)
Најдобар десен бек: Матиас Гидсел (Данска)
Најдобро десно крило: Феран Соле Сала (Шпанија)
Најдобар пикер: Лудовик Фабрегас (Франција)

