Нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров, ќе остане активен на теренот откако ги договорил условите за нова соработка со тимот на Нант.
Французите вчера си обезбедија место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако го добија двомечот со унгарскиот Веспрем. Претседателот на Нант, Гаел Пелетие, по реваншот во Унгарија, потврди дека нашиот селектор-играч, ќе добие договор за уште една сезона.
„Чест ми е да објавам дека Кире Лазаров ќе игра уште една година за Нант“, изјави Пелетие. Неговиот тим сега ги очекува битките за европскиот трон во „Ланксес Арена“ во германскиот град Келн.