Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска против белорускиот првак, Мешков Брест, ќе го одиграат првиот меч од четврт-финалето во регионалната СЕХА конкуренција.
Тренерот на домаќините, Жељко Бабиќ, пред мечот со неговот поранешен состав, изјави, дека Мешков мора максимално да се респектира бидејќи во последниве години покажува одлични резултати.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала – „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:15 часот а домаќинот ќе ја има поддршката од трибините согласно протоколите за заштита од Ковид-19.