Еден од главните протагонисти на вчерашниот неверојатен дуел меѓу Шпанија и Норвешка кој заврши по две продолженија,шпанскиот голман Гонзало Перез де Варгас велид ека ова е еден од најлудите натпревари кои ги има одиграно во кариерата.
„Се чувствувавме поразени, но победивме во продолженијата. Мислам дека Норвешка згреши во последниот напад од 60-те минути бидејќи ако го завршеше, дури и без да постигне гол, ние ќе немавме време да напад. Кога имаш 60 минути играње на ова ниво, главите не работат најдобро. Сигурен сум ова беше една од најлудите средби кои штп сум ги одиграл“, призна Перез де Варгас.