Јосип Периќ синоќа беше херој во ремито на Еурофарм Пелистер на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен (28-28) во рамките на 2. коло од ЕХФ Европската лига. Битолчани се изборија за реми токму со неговиот гол во последните секунди на средбата, иако во еден дел од мечот имаа негатива од 8 гола.
„Немам што многу да кажам, преморен сум и полн со емоции. Имавме многу лош резултат, а тоа е емотивно тешко. Бевме во ’црна дупка’, но успеавме да се вратиме. Одигравме добро второ полувреме, а на крајот не посака и среќата. Мислам дека го заслуживме овој бод. Одигравме навистина добар дуел и уживавме на ова гостување“, изјави Периќ
По првиоот освоен бод, „пелистерци“ сега ги чекаат мечевите со Металург и Пролет во домашното првенство, па на 16 ноември во третото коло на Европската лига гостуваат кај АЕК во Атина.

