Кливленд се засили со искусниот центар, Кендрик Перкинс, за претстојните средби од плеј-офот во НБА лигата. 33-годишниот Перкинс ја помина летната подготовка со вице-шампионот, но, во средината на октомври беше испратен во вториот тим на клубот.
Таму во 27 средби имаше во просек по 8,9 поени и 7,2 скока. Искусниот центар за последно играше за Њу Орлеанс во сезоната 2015/2016 кога постигна по 2,5 поени и 3,5 скока во 37 средби.
Перкинс е шампион на НБA со Бостон во 2008 година а во 2015 година беше дел од составот на Кливленд во плеј-офот, но, забележа само 33 mинути во вкупно осум средби во елиминациската фаза.