Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Перо Антиќ ја промовираше својата програма во борба за врвот на МКФ
    Кошарка

    Перо Антиќ ја промовираше својата програма во борба за врвот на МКФ

    risteBy riste24/04/2019No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Перо Антиќ и официјално ја објави и промовираше својата кандидатура за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Под името „Спортот на спортистите“, Перо Антиќ, ја презентираше програмата со која ќе се обиде да биде прв човек на МКФ.

    Во конгресниот центар на СЦ „Борис Трајковски“, Антиќ прв ја најави својата кандидатура и излезе со своја програма и тим со кој најавува работа за подобрување на кошарката во нашата земја. Во тимот на трикратниот освојувач на Евролигата се уште Тодор Гечевски, како и поранешниот кошаркар Владимир Георгиевски.

    „Мора да се почне од обезбедување на генерален партнер на лигите. Во завршни преговори сме, но пред се треба да поминат изборите за да се финализира тоа. Што би значело тоа? Тие котизации што се од секој клуб, таа сума да биде сведена на награден фонд, затоа што освен трофејот како задоволство, клубовите немаат добивка. Котизациите се многу високи, ќе ја намалиме за 20%, а во текот на мандатот ќе гледаме да се сведе на минимум. Исто е и за казните. Казни мора да има, но не треба да биде дека федерацијата живее од тие казни. Мора истите да ги намалиме, а дел од нив да бидат со 50% пренасочени во сите други здруженија.  Сакаме и финансиски стимул во женската кошарка. Ќе бараме од секој сектор да се даде поголем епитет за развој на женската кошарка, затоа што знаеме на кој стадиум ни е сега, а со инвестиција во женската кошарка, ќе имаме поголем напредок уште од стартот. Сакаме да најдеме и спонзор за опрема на клупско ниво, односно сите да можат да набават опрема за тренинг и натпревари. Со нашите врски и познанства, мислам дека Македонија ќе има една добра соработка со сите европски федерации“, изјави Антиќ при преставувањето на неговата програма.

    Тодор Гечевски зборуваше за сениорските репрезентации. Легенда во мак-баскетот истакна дека целта на ова раководство доколку дојде на раководните функции ќе бидат младинските категории, како и континуиран настап на Македонија на Европските првенства, нешто што беше случај во минатото.

    „Знаеме каде беше сениорската репрезентација. Учествуваше на неколку ЕП во континуитет, а сега сме во квалификации за квалификации за големиот собир. Ние како тим, сакаме да обезбедиме многу подобри услови за членовите на нашата репрезентација, односно подготовките да се одвиваат во европските спортски центри. За да имаме добри резултати, ни се потребни реномирани тренери од странство за едукација и за помош. Сакаме сите да бидат горди да го носат националниот дрес. Сакаме да бидат сигурни кога играат за Македонија.  За да имаме сениорска репрезентација на такво ниво, мора да имаме и добри младински категории. Без нив нема ниту клубови, ниту репрезентација. Сакаме да дадеме голем акцент на развојот и на помош на сите младински школи, кои имаат во интерес да создадат нови репрезентативци и клупски играчи. Исто така, сакаме и објект кој ќе биде во корист на МКФ, а ќе се има сала, вежбалница и секакви услови, за младите кои сакаат да се занимаваат професионално со кошарка, да работат и да напредуваат.  Тука ќе ги споменам и лигите. Сакаме генерален спонзор на лигата, кој би ги покрил трошоците на натпреварување, за да се намалуваат котизациите. Ќе ги искористиме сите наши врски и конекции како кошаркари, за македонските клубови да играат во Европа“, рече Гечевски.

    Сега останува да видиме кој се ќе влезе во трка за претседателското место нво МКФ, покрај Перо Антиќ, а се очекува кандидатура да најави и Владимир Темелковски, актуелниот спортски директор во МКФ.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Теодор Симиќ потпиша за Игокеа, па оди на позајмица во Борац БЛ

    17/08/2022

    Кошаркарите заминаа за Бар: Утре контрола со Црна Гора

    15/08/2022

    МЗТ Скопје А. и Војдан Стојановски ја продолжија соработката

    14/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Тухел: „Н’Голо Канте ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда“
    • Интер уште еднаш го одби ПСЖ за Милан Шкрињар
    • Чурлинов: „Дојдов во Барнли да помогнам да се врати во Премиер лигата“
    • Наполи го потврди потписот на Џовани Симеоне
    • Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.