Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Пешевски: „Добро ја анализираме Холандија, се надеваме на победа“
    Ракомет

    Пешевски: „Добро ја анализираме Холандија, се надеваме на победа“

    risteBy riste14/01/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Мислите на нашите ракометари се веќе насочени кон вториот натпревар на СП во Полска и Шведска. Се прават анализи за играта на противникот, но и корекција на сопствените грешки. Жарко Пешевски, кружниот напаѓач на Македонија, говореше за Холандија и нивниот стил на игра, како и за тоа како ние се подготвуваме за тоа.

    „Холандија игра брз ракомет, не е скандинавска екипа, но се работи за квалитетен тим. Имаме шанси да ги победиме, но мора да бидеме на високо ниво во текот на целиот натпревар. Анализите за овој меч ги правиме во текот на денепниот ден, а ќепродолжиме и утре, ние ќе се обидеме тактички да бидеме подобри. На Холандија ѝ посветивме најмногу внимание и се надевам дека ќе покажеме дека неслучајно сме овде. Мора да играме многу подобра одбрана од натпреварите во изминатиот период и да имаме трпелив напад. Ако се враќаме навремено, ќе најдеме решение за сите играчи на противникот“ рече Пешевски.

    Македонската навивачка „Фаланга“ би требало утре да биде во поголем број бидејќи е викенд и дел од нашите иселеници во околните земји ќе допатуваат во Краков за да ја бодрат нашата репрезентација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување

    29/11/2023

    Ангеловски: „Да веруваме во тоа што го работиме, за кратко време ќе дојде и победата“

    23/11/2023

    ПИК Сегед ја доби драмата во Битола и ја скрати радоста на домашниот тим

    22/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Нандез ќе замине во друг тим
    • „Виси“ столчето на Пиоли
    • Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување
    • Познати четвртфиналните двојки за НБА Купот
    • Барселона за првпат во осминафиналето на ЛШ по заминувањето на Меси
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.