Жарко Пешевски е новиот капитен на македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер. Како што потврдија од клубот, кој вчера ги почна подготовките на Маврово, нашиот репрепрезентативец, ќе ја носи капитенската лента следната сезона.
Негови заменици се Ненад Костески и Марио Танкоски.
Во новата сезона битолчани ќе ја бранат титулата во Суперлигата, а ќе настапуваат и во групната фаза во Лигата на Шампионите.

