Нашиот пивотмен, Жарко Пешевски, вели дека среќата ни го завртела грбот на мечот со Чешка, но , дека ништо не е загубено бидејќи не чека последниот меч со Австрија.
„Мораме да го заборавиме поразот и да размислуваме за тоа што не очекува. Ќе треба да се насочиме само кон Австраија. Очекувам и тогаш да имаме значајна поддршка од трибините“ – вели Пешевски.
„Допрва ќе ги анализираме Австријците, но, знаеме дека се главно на нивото на Чешка.Ќе треба да одиграме многу подобро и да го оставиме срцето на теренот“ – вели нашиот кружен напаѓач.

