Селекторот на кошаркарите на Србија, Светислав Пешиќ, не сакаше да зборува за можните противници на претстојниот Евробаскет.
„Ако сакаме да се бориме за медал, тогаш нема такво нешто. Се надеваме дека ќе бидеме меѓу осумте, сите екипи заслужуваат почит. Ако сакаш да бидеш најдобар, тогаш треба да победуваш“ – рече Пешиќ.
„Не би сакал многу промени во однос на претходните две големи натпреварувања. Сигурно ќе има промени но, нема премногу експерименти“ – рече селекторот на нашиот северен сосед.

