Шарунас Јасикевичиус е првиот кандидат за наследник на Светислав Пешиќ на кормилото на кошаркарскиот состав Барселона откако шпанскиот гигант одлучи да ја прекине соработката со српскиот стратег.
Јасикевичиус кој е тренер на Жалгирис, може да добие понуда да се пресели и во Турција во редовите на Фенербахче бидејќи тимот се раздели со Жељко Обрадовиќ. Во секој случај, Литванецот ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.
Барселона се чини ќе му биде многу подобрата варијанта бидејќи таму беше активен и како играч кога успеа да ја освои и Евро-лигата.