Генералниот менаџер на Шарлот, Џеф Петерсон, верува во неограничениот потенцијал на ЛаMело Бол.
„Го видовме на Ол-стар натпреварот. Неодамна му кажав дека имав среќа да работам со големи играчи, но, тој е уникатен и прави работи што другите не можат да ги направат“ – рече Петерсон.
„Тој е неверојатен борец. Верувам дека ќе се опорави и здрав ќе ја започне наредната сезона“ – додаде Петерсон.

