Maкедонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до првите бодови во Лигата на шампини и ќе чека нова шанса за тоа.
Е.Пелистер го забележаа осмиот пораз од исто толку натпревари во групата А, откако во Битола долго време се држеа против ПИК Сегед, но фаворизираниот противник во финишот успеа да постигне гол и да дојде до победа од 27:28.
Тренерот Бранислав Ангеловски, во својот ростер за првпат го имаше последното засилување, Филип Кузмановски, додека во тимот се врати и голманот Калифа Гедбан, кој го пропушти гостувањето во Унгарија пред една недела. Првиот дел помина во знакот на гостинската екипа која го доби со 12:15, додека во второто полувремем подобра игра на домашната екипа која успеа да дојде до израмнување на резултатот на 20:20 во 43.минута и до самиот крај се играше гол за гол.Сепак на крајот ПИК Сегед беше поуспешен и славеше со 1 гол разлика.
Еурофарм Пелистер следното коло во Лигата на шампионите ќе гостува во Киелце, а мечот се игра на 30 ноември.

