Откако Вардар не го одигра домашниот натпревар со Елверум кој беше одложен, сега следниот предизвик за ракометарите на Врадар ќе биде гостувањето кај ПИК Сегед во Унгарија.
Наредниот четврток „црвено-црните“ ќе гостуваат во Сегед во рамки од третото коло во Лигата на шампионите.
Унгарскиот претставник потврди дека на трибините ќе има навивачи, првпат по долго време. Вардар ќе треба својот натпревар да го игра пред точно 972 гледачи, кои ќе имаат можност да купат влезници во наредниот период.
Само оние кои имаа валидни влезници за минатата сезона ќе добијат шанса да аплицираат за влез во салата. Ако влезниците не се продадат, тогаш секој ќе има можност да купи и да присуствува на ракометниот дуел меѓу ПИК Сегед и Вардар. Според пропозициите сите присутни ќе имаат обврска да носат заштитна маска на лицето и да одржуваат дистанца од метар и половина. Сите фанови ќе пополнат и изјава со која ќе го прифатат секој ризик, а на влезот ќе им биде измерена температура, која не смее да изнесува повеќе од 37,5.
Доколку е потребно мечот ќе се одигра пред празни трибини парите за влезниците ќе им бидат вратени на оние кои ќе купат влезници.
Натпреварот ПИК Сегед – Вардар според планот треба да се игра на 1 октомври со почеток од 18:45 часот.