Ракометарите на Вардар го претрпеа и шестиот пораз во групата „А“ во Лигата на шампионите откако загубија на теренот на ПИК Сегед со 34:33.
Кај Вардарци најефикасен беше Чупиќ со девет голови пред Стоилов со шест додека голманот, Робин Кантегрел, го заврши мечот со 14 интервенции. Кај домаќинот Бодо даде седум а Радивојевиќ шест погодоци.
„Црвено-црните“ кои имаат само една победа во тековнава сезона во ЛШ в недела ќе го пречекаат составот на Елверум. Мечот во СЦ Јане Сандански“ ќе започне во 16.00 часот.