Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»По голема драма, Македонија одигра нерешно со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
    Ракомет

    По голема драма, Македонија одигра нерешно со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“

    risteBy riste10/01/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Македонија одиграа нерешено со домаќинот Швајцарија (29:29) во последниот натпревар од „Жолтиот куп“ кој се играше во Винтертур.

    Овој резултат за нас значеше освојување на второто место на пријателскиот турнир поради послаба гол-разлика од домашната селекција. Самиот натпревар на крајот донесе вистинска драма, а нашата репрезентација извлече реми во последниот напад со голот на Марко Митев.

    Македонија повторно одигра лошо први и одлично второ полувреме, а Швајцарија беше таа која доминираше во првиот дел и на одмор замина со предност од 18:13.

    Во вториот дел влеговме нешто посигурно во нападот, реализираа Ристески и Атанасијевиќ, а бркавме разлика која беше меѓу три и четири гола. Следуваше добра одбрана и реализации во нападот  шти и донесоа на Македонија намалување на 25:24.

    По одбраната на Томовски и добрата контра Иван Џонов израмни на 26:26, а следниот напад не го искористи Серафимов за водство. До крајот се играше гол за го, а благодарение на двата гола на Митев во последните два напади, Македонија остана непоразена и натпреварот заврши 29:29.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.