Утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествуваше српскиот кошаркар и летно засилување на Црвена Ѕзвезда, Огњен Кузмиќ.
Сообраќајната незгода се случила на магистралниот пат Бања Лука – Приједор. Полициската управа во Бања Лука ја потврди веста, а кошаркарот е пренесен во болницата во овој град со повреди на градниот кош.
Црвена Звезда на својата интернет страница ја потврди сообраќајната незгода на Кузмиќ, а од фотографиите можеше да се види дека возилото во кое бил Кузмиќ е целосно уништено. Џип Порше со две лица, меѓу кои и Кузмиќ, удрил во BМW во 5:00 часот наутро. Автомобилот на Кузмиќ целосно излетнал од патот.
Последната вест е дека Кузмиќ со хеликоптер е префрлен во болница во Белград, а неговата здравствена состојба е стабилна. Кошаркарот се разбудил од кома, а докторите се надеваат дека состојбата ќе се подобрува и понатаму.