Македонија ја победи селекцијата на Исланд со 27:26 и го освои златото во женска конкурнеција за ракометарки до 17 години на ЕХФ Шампионатот кој се одржа во Литванија. Македонија со ова прво место обезбеди место на кадетското Европско првенство кое следи.
Иако беа без селекторот Савевски, кој доби црвен картон на претходната средба и беше суспендиран, нашите ракометарки одиграа борбено и херојски и дојдоа до триумф над ривалот по една изедначена игра и резултат кој беше израмнет до самиот крај на мечот.
Натпреварот почна крајно изедначено и се играше претежно гол за гол во текот не целото прво полувреме, а на одмор се замина со резултат 12:12.
На стартот на вториот дел Исланд поведе со 15:13, меѓутоа Македонија не се врати во игра и израмни на 16:16. Така се играше се до резултат 19:19 кога Македонија направи предност која ја одржуваше до крајот, а во еден период водеше и со 26:23, з ана крајот да слави со 27:26.
Одличен натпревар одигра Теодора Дукоска која постигна 11 гола од 14 обида, додека Ризоска со седум и Коцева со пет ја предводеа Македонија до победа во финалето.