Македонската ракометна репрезентација ја продолжи серијата учества на светските првенства. Вечерва во пеколна атмосфера во СЦ „Борис Трајковски“ пред околу 7000 гледачи, момците на Кире Лазаров славеа против Чешка во реванш-баражот со 27:25 и се пласираа на шампионатот кој во јануари ќе се одржи во Полска и Шведска.
По ремито во Злин, вечерва успеавме да одиграме меч со ладни глави и во текот на сите 60 минути да ја контролираме предноста од само неколку разлика. Чесите постојано беа блиску до нас, но ние не дозволивме комплетно да се вратат во игра.
Полувремето го завршивме со предност од 14:12, а во вториот дел беше напнато до самиот крај. Одличен меч имаше Никола Митревски на нашиот гол, но и Филип Кузмановски и Филип Талески кои беа и најдобри реализатори во нашата селекција.
Кузмановски го заврши мечот со 9 гола, додека Талевски постигна 6. Кај Чешка најефикасни беа Хрстка и Пирох со по 5 гола.