Со натпреварот меѓу Шпанија и Бугарија денеска од 13.30 часот во Тбилиси почнува Европското првенство во кошарка, кое ќе се игра во пет градови во четири различни земји.
Денеска во првото коло од групата А ќе се сретнат и Турција – Црна Гора и Белгија – Грузија. Во групата Б покрај дербито на денот, ќе играат уште Босна и Херцеговина – Унгарија и Франција – Германија.
Натпреварите од првото коло во групите Ц и Д се играат утре. Пласман во осминафиналето ќе добијат четирите најдобро пласирани селекции од секоја група.
КОШАРКА, ЕП 2022 – 1. коло
13.30 Шпанија – Бугарија
14.30 БиХ – Унгарија
16.15 Турција – Црна Гора
17.15 Словенија – Литванија
19.00 Белгија – Грузија
20.30 Франција – Германија