Денеска во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје започнува финалниот турнир во АБА 2 кошаркарската лига. Домаќин е нашиот шампион МЗТ Скопје, кој со уште 7 екипи се бори заместо во АБА лигата следната сезона.
Турнирот почнува со четвртфинаните пресметки. Први на распоред се Борац Бања Лука и Младост Земун точно напладне, а потоа и дуелите Хелиос Домжале – Златибор Чајетина (15 ч.), па настапот на македонскиот претставник МЗТ Скопје во 18 часот против Сутјеска.
Последното четврфинале од 21 часот ќе го одиграат Широки Бријег и Спарс Сараево.
Шампионот на АБА 2 лигата директно ќе се пласира во елитното друштво, додека поразениот во финалето ќе игра бараж со претпоследниот во првата АБА лига.