Точно на пладне во СРЦ „Кале“ почнува тридневното натпреварување во кошаркарскиот куп на Македонија кој го носи името на легендата на нашата кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур.
Скопскиот состав ТФТ ја има улогата на бранител на трофејот откако тимот од Тафталиџе лани со извонредни три натпревари успеа да дојде до својот прв куп-трофеј. Денеска бранителот на трофејот против Работнички ќе се бори за место во полуфиналето.
Шампионот МЗТ Скопје А. прв стартува со меч против екипата на Кожув. „Штрковите“ важат за прв фаворит и оваа година, но тоа треба да го потврдат на паркетот во следните три дена. Своја шанса ќе чекаат и останатите ривали, Пелистер и Гостивар кои имаат одлична сезона.
КОШАРКА, Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
12.00 МЗТ Скопје – Кожув
14.30 Гостивар – Феникс 2010
17.00 Пелистер – Еуро Никел
19.30 Работнички – ТФТ