Денеска ќе почне продажбата на билети за реванш мечот од последниот бараж до светското првенство меѓу Македонија и Чешка. Ракометната федерација ќе ги пушти во продажба билетите за реваншот по цена од 100 денари.
Истите ќе може да се купат онлајн на mktickets.mk и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Дуелот в недела во СЦ „Борист Трајковски“ ќе почне од 19 часот.