Мајкл Бизли ја одбил понудата од 2,6 милиони долари од Кина за да се обиде да се врати во НБА. 30-годишниот кошаркар кој беше избран како втор пик на драфтот во 2008 година, ќе се приклучи на тренинг-кампот кај Детроит Пистонс.
Поранешниот играч на Мајами, Минесота, Феникс, Хјустон, Милвоки, Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс, кој последно играше во Гуангдонг во Кина, беше казнет од НБА со забрана за настап на 5 натпревари поради кршење на правилата за анти-допинг. Крилниот кошаркар кој има 206 сантиметри, има одиграно 609 натпревари во редовната сезона (12,4 поени, 4,7 скока и 1,3 асистенции) и уште 25 во плеј-офот (8,7 поени и 4,6 скокови).
Во петте средби што ги одигра во Кина во сезоната 2018/2019, Бизли имаше во просек по 22,4 поени, 9,8 скока, 4,4 асистенции, 2,2 блокади и 1,2 украдени топки.