Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, на стартот на подготовките за Светското првенство во Кина, се осврна на бројните откажувања и на некој начин им посочи на тие што ја прифатија покана што значи настап на Мундијалот.
„Учеството на Светско првенство е многу повеќе од настап во НБА, но, некои не го разбираат тоа. Кога ќе се пензионираат, ќе им стане јасно што пропуштиле“ – потенцираше Попович откако се соочи со неверојатна бројка бидејќи му откажаа дури 16 кошаркари.
Селекцијата на САД која е главниот фаворит за освојување на златниот медал, во групната фаза на СП ќе игра во Шангај заедно со Турција, Јапонија и Чешка.