Ракометарите на Вардар и покрај тоа што обезбедија место на десеттиот Ф4 турнир во СЕХА лигата, сепак нема да може и да играт на истиот бидејќи ракометарите се на пат кон Скопје поради еден позитивен ракометар на Ковид 19.
Домаќините побарале оние кои не се вакцинирани да не играат на завршниот турнир, а на овој список се македонските ракометари. Иако Вардар на терен успеа да дојде до победа и пласман нема да може и настапи на средбите од завршниот турнир кои беа планирани за в петок и в недела.
Ова сценарио најмногу им одговара на домаќините кои добиваат можност да играат на завршниот турнир. И покрај сите препораки кои се дадени и од ЕХФ, кога има еден позитивен играч тој да биде изолиран, а другите со уредни негативни ПЦР тестови да настапат, до тоа веројатно нема да дојде. Денешниот ден поминал во разговори и убедувања, но не било најдено решение, па затоа Вардар доби забрана за настап во Задар и ракометарите се враќаат за Скопје.
Сега останува да видиме дали може да се случи некое изненадување до утре и да дојде до промена на оваа одлука, но тоа е навистина многу тешко да се случи.