Португалскиот ракометен клуб Порто официјално потврди дека голманот на оваа екипа и португалската репрезентација Алфредо Кинтана починал денеска во претпладневните часови во клиниката Сао Жоао.
Неговиот клуб денес објави дека докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат Кинтана, кој во понеделникот на тренинг имаше срцев удар и од тогаш беше во кома.
Кинтана почина на 32-годишна возраст, а оваа сеозна го чуваше голот на Порто заедно со нашиот репрезентативен голман Никола Митревски.
Тој е роден во Куба, а за португалската репрезентација настапуваше од 2014 година, имаше одиграно 56 натпревари и постигна 7 погодоци. Кинтана беше еден од најквалитетните голмани во Лигата на шампионите.