Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) денеска е исто така официјализиран како ново засилување за РК Вардар. Тој потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.
Мело игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Претходно Вардар потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек)
Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар.