Ракометната репрезентација на Македонија е поразена и на вториот натпртевар со Португалија како дел од квалиикациите за ЕП 2024 година. Подмладениот состав на Македонија не успеа да направи изненадување на гостувањето во ПОртугалија и загуби со 32:27. По овој пораз на следните два дуели ќе мора да бараме барем една победа, за место на ЕП 2024 година.
Таа не би требала да биде проблем, затоа што против себе се имаат селекциите на Луксембург и Турција кои веќе паднаа еднаш во овој циклус.
Натпреварот за разлика од оној во Скопје почна доста поефикасно и без грешки. Се играше изедначено на неколку минути пред крајот ан првиот дел (10:11) кога дозволивме домашната репрезентаија данаправи серија од 5:0 и на одмор да замине со предност од 15:11.
И на стартот на вториот дел Македонија имаше проблеми во нападот. Скоро девет минути немаше постигнато гол, а тоа Португалија знаеше да го казни и да дојде до редност од 19:11. До крајот на натпреварот се знаеше победникот на оваа средба, само небеше познато со каков резултат и која разлика. На крајот Португалија сосема заслужено ја победи Македонија со 32:27.