Ричард Хендрикс сепак ќе игра за Македонија во престојните две квалифиакциски средби против Косово и Романија. Американецот со македонски пасош веќе е во Скопје, а за тоа стигна потврда и од МКФ.
Тој ќе биде од голема помош во обидот да дојдеме до две победи во дуелите со Косово (13. септември) и Романија (16. септември). Хендрикс веднаш ќе му се приклучи на селекторот Давитков кој веќе извесен работи со нашиот национален тим во Скопје.