Ракометарите на Вардар како европски шампони ја имаат можноста по вторпат да играат на неофицијалното клупско светско првенство Супер Глоуб во организација на Интернационалната ракометна федерација (ИХФ). Турнирот ќе се одржи од 27 до 31 август во Саудиска Арабија.
На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и екипите на: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен победник), Замалек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њујорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија) и Кил (Германија). Екипите се поделени во две групи и се игра по принципот на елиминација.
Вардар ќе игра директно во четврт-финалето и таму за прв противник ќе го има победникот од дуелот меѓу Ал Мудхар и Њујорк. Со оглед на тоа дека „црвено-црните” се фаворити се очекува да се пласираат во полуфиналето. Таму веројатно противник на Вардар би бил Кил од Германија.
Германците бидејќи добија „специјална покана” од домаќините ќе играат прво во квалификациите за четврт-финалето. Таму нивен ривал ќе биде екипата на Сиднеј. Потоа во четврт-финалето победникот од тој меч треба да игра против Замалек. Подобриот тим ќе се пласира во полуфиналето
Вардар пред две сезони исто така играше на Супер Глоуб и го освои третото место. Тогаш во полуфиналето Вардар загуби од Барселона.
„Црвено-црните” на овој Супер Глоуб доаѓаат како шампиони на Европа. Во моментов вардарци се на подготовки во Требиње, БиХ каде ќе одиграат и три контролни натпревари на турнир.
Распоред и сатница на натпреварите: