По комплетирањето на последното коло во ракометната Лига на шампиони, познати се сите парови во првата нокаут-фаза од ова натпреварување, односно во осминафиналето.
Македонскиот шампион Вардар ќе игра против добриот познаник ППД Загреб во балканското дерби. Но Македонија има своои преставници и во уште неколку екипи кои ќе играат во оваа фаза, па така Кире Лазаров и француски Нант ќе играат против Рајн Некар Левен каде настапува Филип Талески. Дејан Манасков кој е дел од екипата на Веспрем би требало да има лесна задача против Спортинг Лисабон.
Во останатите натпревари се срешаваат Мешков Брест против германскиот бундеслигаш Флензбург, Висла Плок ќе игра со ПИК Сегед, додека Мотор Запорожје ќе игра против Виве Киелце.
Директно во четвртфиналето се пласираа победниците во двете групи Барселона и ПСЖ. Вардар доколку го помине ППД Загреб во четвртфиналето би играл со подобриот од двомечот меѓу Висла Плок и ПИК Сегед.