Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар на гостински терен во рамките на бараж двомечот за Светското првенство. Чешка ќе ја пречека Македонија во Злин, Чешка.
Селекторот Кирил Лазаров се соочи со одредени проблеми со повреди пред патувањето, но сепак веројатно има конкретна слика за тоа како ќе изгледа нашиот состав. Од повиканите, во Скопје останаа Кизиќ, Кондев, Костески, Павле Атанасијевиќ и Стојковиќ. Сега, во пресрет на натпреварот селекторот ги одреди 16. ракометари со кои ќе ѝ се спротивстави на Чешка.
Во протоколот за овој натпревар од ракометарите кои отпатуваа за Злин не се најдоа Игор Ѓоргиев и Михајло Младеновиќ.
Покрај селекторот Лазаров, познат е составот со кој ќе настапи и селекторот на Чешка, Хавиер Сабате. Кашпарек, Хрстка, Мрква и Клима се главните адути на репрезентацијата на Чешка.