Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија со ждрепка беа одредени официјалните лица за натпреварите од завршниот турнир во Купот на Македонија.
Финалето во машка конкуренција што ќе се одигра в сабота од 18:00 часот, ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски. Полуфиналната средба меѓу Еурофарм Пелистер и Пролет ќе ја судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека средбата меѓу Алкалоид и Вардар ќе биде за Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Кај дамите, финалето што ќе се одигра в сабота од 15 часот, ќе го судат Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Полуфиналната средба меѓу Металург и Куманово ќе ја судат Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски, додека второто полуфинале меѓу Вардар и Ѓорче Петров треба да го судат Лејла Јашар и Михаела Капсарева.