СЕХА лигата ги потврди термините и саатниците за четвртфиналните средби од тековната сезона.
Македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер на домашен терен ќе ја имаат шансата да изборат место на завршниот турнир во Задар.
Вардарци во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат хрватскиот вицешампион Нексе од Нашице од 20:15 часот.
Два дена подоцна, на 25 август во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат со белорускиот Мешков Брест за место на Ф4 турнирот, а натпреварот ќе се игра од 20:15 часот.
СЕХА лига, 2021/22, четвртфинале:
14 август, 19:45 Веспрем – Татран Прешов
17 август, 16:00 Војводина – Загреб
23 август, 20:15 Вардар – Нексе
25 август, 20:15 Еурофарм Пелистер – Мешков Брест