Дуелот меѓу двата преставници од Хрватска во СЕХА лигата односно на Ф4 во Брест меѓу ППД Загреб и Нексе му припадна на Хрватскиот шампион ППД Загреб кој го победи Нексе и e прв финалист на завршниот турнир на СЕХА ракометната лига.
Загреб славеше со 28:23 (15:11) во натпревар во кој доминираше од првата до последната минута, а победникот го најави уште во првиот дел кога направи разлика од неколку гола и го контролираше резултатот во вториот ден, недозволуваќи му на Нексе да ги загрози. Натпреварот го следеа само 1.000 љубители на ракометот, главно белоруски симпатизери.
Најефикасни во ППД Загреб беа Бичаниќ со седум и Влах со шест гола, а кај Нексе позитивен натпревар одиграа Бувиниќ со седум и Шипиќ и Вида со пет погодоци. ППД Загреб го очекува подобриот од дуелот меѓу Вардар и Мешков Брест кој се игра вечерва од 19 часот