Денешниот ден пред осумнаесет години, секокаш ќе остане запишан со златни букви во историјата на спортот во Македонија.
Токму на 19 мај 2002 година женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. На тој 19 мај, 2002 година, Кометалки го одиграа реванш натпреварот од финалето во Лигата на шампионите и го совладаа Херц од Унгарија со 26:22, откако претходно загубија со 25:27 во Унгарија.
Во ракометната тврдина „Кале“ се славеше победата која и донесе голема радост за нашата земја, прва во историјата. Предводени од капитенот Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Олга Бујанова, голманката Луминица Дину и уште многу ракометарки кои дадоа голем придонес во освојувањето на титулата клубот дојде до својата прва шампионска титула во Европа.
Најблиску до повторување на успехот во женскиот ракомет на Кометал Ѓорче Петров беше ЖРК Вардар, но и покрај тоа што имаше пет последователни учества на Ф4-турнирите во Лигата на шампионите, одличните настапи низ сезоните не ги круниса со злато. Последното финале го загубија пред две сезони од Ѓер, по што клубот беше напуштен од најголемите ѕвезди.
Денешниот ден 19 мај и понатаму останува, ден кој ќе го паметат повозрасните љубители на ракометот, а ќе им го прераскажувата на помладите она што се случуваше таа мајска вечер во Скопје.