Хрватскиот ракометар Денис Тот (27) кој настапува за екипата на Бутел вчера бил претепан и се наоѓа на скопските клиники. Според информациите Тот има повеќе скршеници и бројни други повреди, најверојатно предизвикани откако бил претепан со тапи предмети, но и со тупаници, нозе, пренесуваат и хрватските медиуми.
Засега нема конкретни информации за настанот, кој го потврдија и хрватските медиуми со изјави од неговото семејство, кое треба да пристигне во Скопје.